сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 37
home Вести

Дескоски: И да се промени Уставот и името на државата, Македонија може да биде блокирана од страна на Грција поради неуспешниот референдум

Дескоски: И да се промени Уставот и името на државата, Македонија може да биде блокирана од страна на Грција поради неуспешниот референдум

Иако референдумот беше неуспешен и пропадна, противејќи се на волјата на скоро 1,2 милиони граѓани кои гласаа против или ставот против договорот го кажаа без да гласаат на референдумот, Владата реши да предложи уставните промени од овој договор да одат преку Собранието.

Како и во целата кампања, така и сега власта не ни го споменува она што го носи договори, туку само предностите кои би ни ги донела интеграцијата во НАТО и ЕУ, велејќи дека Грција веќе нема да смее да не блокира со имплементација на овој договор.

Во договорот јасно пишува дека за договорот да се спроведе, прво мора да помине на референдум во Македонија, што не беше така во овој случај, бидејќи референдумот беше неуспешен со излезност од само 36,89 проценти излесност. Експертската јавност вели дека и со имплементација во Собранието и промена на Уставот во Република Македонија, Грција може да ја блокира интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, токму поради референдумот.

Ова го потврдува во статус на Фејсбук и сопругот на министерката за правда Рената Дескоска, универзитетскиот профеоср Тони Дескоски, кој вели дека поради неуспешниот референдум Грција секогаш ќе може правно засновано да одбие да го ратификува протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.

-Денеска гласавме. И покрај сите полемики, моето мислење е дека прашањето беше кристално јасно. Кристално јасно е и дека на референдумот немаше доволен број на граѓани кои би се изјасниле на поставеното прашање. Сега, кога имаме неуспешен референдум , чувствувам потреба да укажам на една одредба од Преспанската спогодба, која во значителна мерка може да влијае на идните постапки.  Имено, во чл. 2 став 4, точка б, алинеја ii (втора,трета и четврта реченица), изречно е пропишано дека поддршката на Грција за наше зачленување во НАТО е условено од исполнувањето на два кумулативни услови: прво, од исходот на референдумот (кој мора да е конзистентен со Спогодбата) и второ, усвојувањето на Уставните амандмани (четири на број). Тоа значи дека без исполнување на било кој од двата услови, Грција нема да има обврска да не поддржи за членство во НАТО. Тоа пак значи, дека дури и да ја ратификуваат Преспанската спогодба во нивниот парламент, ние ќе бидеме во нивна милост или немилост, за тоа дали ќе не пропуштат во НАТО. Грција секогаш ќе може да се повика на неуспешниот референдум, и совршено правно засновано да одбие да го ратификува протоколот за наше пристапување во НАТО. Тогаш, ниту Меѓународниот суд на правдата нема да пресуди за нас. Оттука, пред да се пристапи кон уставни измени, укажувам на опасноста со која се соочуваме, дури и ако амандманите бидат усвоени, напиша во завршувањето на референдумскиот ден на 30 септември, професорот Дескоски.

Професорот Дескоски на први октомври реагираше откако во медиумите беше кажано дека тоа што тој го пишал ден претходно го немало во договорот.

-Денес слушнав едно мислење од еден од оние експерти кои не го прочитале текстот на Преспанскиот договор, и кој не верува дека таму го пишувало тоа што јас го цитирав во вчерашниот пост. Уште од студентски денови јас го следам советот на покојниот Проф Матовски дека во закон мора да се гледа (другиот дел нема да го обзнанам). И еве, за јавноста да види дали постои одредбата која ја цитирав и што таа пропишува, ја објавувам истата, напиша на Фејсбук професорот Дескоски.

Инаку, иако референдумот не беше успешен со што значи дека договорот со Грција повеќе не важи, власта сепак реши истиот да го „помине“ во Собранието, откако вчера доставија предлог за негова ратификација во Собранието.

Коронавирус