среда, 5. август 2020. Вести денес: 116
home Вести

Дескоска, Здравев и Џолев си ја подаваа метлата наместо да се фатат за работа- Русковска наместо да решава корупција му слугува на Заев

Дескоска, Здравев и Џолев си ја подаваа метлата наместо да се фатат за работа- Русковска наместо да решава корупција му слугува на Заев

40.000 административци заедно со премиерот Зоран Заев, министри, директори, градоначалници, судии, обвинители, денеска чистеа низ земјава. Акцијата ја организираше Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.

Меѓу присутните денеска беше и шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска која наместо да се фати за Рекет 2, Те-То, хеликоптери и други корупциски скандали му слугува на Заев.

Исто така денеска заедно со Русковска беше присутен и претседателот на Основниот суд 1 Иван Џолев кој наместо да работи на судскиот интегритет и да размислува како да се поправи недовербата во судството денеска беше во улога на хигиеничар.

Институциите се должни да санкционираат расфрлан смет целосно потфрлија исто како институциите кои се задолжени да го чистат истиот овој смет.

Со оваа денешна акција се поставува и прашањето колку граѓаните ги чини еден слободен ден на администрацијата кој им го додели Владата на 2 јануари годинава прогласувајќи го истиот за неработен ден.

Граѓаните на социјалните мрежи по оваа акција веднаш ги поставија и прашањата колку го плаќаме неработењето и неспособноста на Зоран Заев?, а според многумина велат и дека многу поевтино и профитабилно би било преку комуналните претпријатија да се ангажираа лица кои не се вработени.

Мајтапот денеска да биде уште поголем министерката за правда Рената Дескоска на претседателот на Судскиот совет Киро Здравев му подари златната метла за чистење на скопските улици, а тој потоа метлата му ја предаде на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Џолев.

Инаку денеска кон акцијата „Не биди ѓубре“ во која се приклучи администрацијата на државно и локално ниво,  во Битола се чистеше и во СВР Битола.

Административците во битолската полиција го чистеа дворот околу зградата каде што се наоѓа СВР Битола, наместо тоа да го прави комуналното претпријатие кое е задолжено за оваа работа.

Коронавирус