среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Дескоска сака да го контролира Собранието: Хаос уште на почетокот на Комисиската расправа (ВИДЕО)

Дескоска сака да го контролира Собранието: Хаос уште на почетокот на Комисиската расправа (ВИДЕО)

Денешната Комисиска расправа по однос на законот за јавно обвинителство започна жестоко уште на самиот почеток. Пратениците на опозицијата ја обвинија министерката за правда Рената Дескоска за обиди за воспоставување контрола врз Собранието на Република Македонија, поради фактот што министерката се наметнува уште еднаш преку ред да земе збор и да проповеда зошто законот за обвинителство е добар, закон кој што речиси сите релевантни правни експерти во Македонија го оценија како небулозен и недоречен. Покрај Дескоска во Собранието повторно сакаше да земе збор и јавниот обвинител Љубомир Јовевски.

Небулозни одредби,текст со недоречености, закон со интенција за вдомување на кадрите на СЈО – вака експертите го оценуваат текстот на Предлог-законот за Јавно обвинителство. На вчерашната јавна расправа тие беа едногласни дека ова не е добро решение и како таков не смее да биде донесен. Расправата продолжува и денес.