недела, 5. јули 2020. Вести денес: 39
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Дескоска не е прва која ја призна спрегата на СДСМ со Русковска како и дека со случајот 27 април направиле пазар за да се промени името

Дескоска не е прва која ја призна спрегата на СДСМ со Русковска како и дека со случајот 27 април направиле пазар за да се промени името

Јавноста вчера по изјавата на министерката за правда Рената Дескоска бурно реагираше бидејќи таа директно потврди дека е во спрега со Русковска, но и дека со случајот за 27 април направиле се за да се промени името.

Имено на прашањето дали министерката Рената Дескоска или некој од власта има влијание врз обвинителката Вилма Русковска во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија таа лично нема, но не може да гарантира за некој друг.

-Јас лично не, не верувам, не можам да коментирам за други, изјави Дескоска.

На оваа изјава на министерката, новинарот Гоце Михајловски го посочи случајот со ослободувањето од притвор во случајот „27-ми април“ на пратеникот Крсто Мукоски кој само неколку часа подоцна гласаше за промена на името, а токму Русковска го водеше.

-Случајот со уставните измени е случај, ситуација каде што видовме дека се правеше амнестија на дел од лицата кои учествувале на некој начин ама не насилно. Случај кој што јас лично како министер, како човек како професор можам да кажам дека стави голем товар на системот на правдата во нашата држава. На сите ни е јасно, тука сакам да бидам искрена и отворена дека тој закон за амнестија кој што беше донесен во тоа време и чекорите кои се превземаа беа чекори насочени кон уставните амандмани, вели таа.

Со ова Дескоска само уште еднашка докажа која била целта на амнестирањето на пратениците од 27 април.

Освен Дескоска како дел од високите функционери на СДСМ во јануари годинава и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски потврди дека СДСМ направил пазар со политичарите за гласовите на пратениците за промена на името.

Тој вели, кога се прави помирување на било која тема,  исто како кога се прави договор со Грција, треба да се прават одредени компромиси. „Втората алтернатива беше сите да си останат во притвор, да си тече процесот и да си одлучи судот и никогаш да не влеземе во Европската унија и НАТО. Тоа е времето такви бе опциите и требаше да се направи избор. Да имавме некаква друга опција истото ќе беше земено во предвид.“

Точно е вели Манчевски дека направивме правен преседан, алудирајќи на Законот за амнестија  кој што се донесе во собранието за кој опозицијата обвинуваше дека е селективен опфаќајќи ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои беа вклучени во настаните на 27 април.

Манчевски вели дека не постоела друга можност ако не било одбрано амнестирањето како опција,  другиот избор ќе бил не влегување во НАТО и ЕУ. Тој јасно потврди дека станува збор за политички пазар со гласањето за Законот за амнестија и потребното двотретинско мнозинство за промената на името.

Тој вели сега требаше да им кажеме на граѓаните збогум за ЕУ и НАТО и затоа има одредена цена и одреден компромис кои мора да бидат направени, во случајот амнестирање на пратениците кои беа вклучени во настаните за 27 април за глас плус за уставните измени.

Најчевска: Пратениците да бидат амнестирани во моментот кога ќе гласаат за уставните промени и да поднесат оставка

Јас прво навистина сакам да кажам дека јас сум една од тие кои што се против амнестии. Посебно против такви чести амнестии како што почнаа да се случуваат во Република Македонија, ова во изјава го посочи професорката Мирјана Најчевска при гостување на емисија „24 анализа“ во декември минатата година.

-Пратениците треба да бидат амнестирани чисто од политички причини, заради тоа што да јас мислам дека амнестија треба да биде искористена за политички дел. Меѓутоа под еден услов, јас лично би го поставила условот да бидат амнестирани во моментот кога ќе гласаат за уставните промени и да поднесат оставка. Заради тоа што мораат да бидат препознаени како недостојни за вршење на функцијата пратеник, истакна тогаш Најчевска.

Според Најчевска пратениците не се тие кои што треба да го штитат Собранието. Пратениците немаат таква дејност.

Парламентарни избори 2020