сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Дескоска ја потврди спрегата со Русковска: Со случајот 27-ми направивме се за да се промени името

Дескоска ја потврди спрегата со Русковска: Со случајот 27-ми направивме се за да се промени името

На прашањето дали министерката Рената Дескоска или некој од власта има влијание врз обвинителката Вилма Русковска во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија таа лично нема, но не може да гарантира за некој друг.

-Јас лично не, не верувам, не можам да коментирам за други, изјави Дескоска.

На оваа изјава на министерката, новинарот Гоце Михајловски го посочи случајот со ослободувањето од притвор во случајот „27-ми април“ на пратеникот Крсто Мукоски кој само неколку часа подоцна гласаше за промена на името, а токму Русковска го водеше.

-Случајот со уставните измени е случај, ситуација каде што видовме дека се правеше амнестија на дел од лицата кои учествувале на некој начин ама не насилно. Случај кој што јас лично како министер, како човек како професор можам да кажам дека стави голем товар на системот на правдата во нашата. На сите ни е јасно, тука сакам да бидам искрена и отворена дека тој закон за амнестија кој што беше донесен во тоа време и чекорите кои се превземаа беа чекори насочени кон уставните амандмани, вели таа.

Коронавирус