петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 195
home Вести

Десетина инспектори утрово влегле во дуќанот на Борче Спасовски, кандидатот за градоначалник на Ранковце

Десетина инспектори утрово влегле во дуќанот на Борче Спасовски, кандидатот за градоначалник на Ранковце

Нецели 24 часа од објавувањето на името на кандидатот за градоначалник на општина Ранковце од ВМРО-ДПМНЕ тој се соочува со инспекциски контроли од повеќе државни институции под контрола на владата на СДСМ и ДУИ.

Десетина инспектори утрово влегле во дуќан на кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ од ВМРО-ДПМНЕ Борче Спасовски, јавуваат членови на неговата поширока фамилија.

Според очевидци само еден ден откако беше објавена неговата номинација вкупно 12 инспектори од пазарна, финансиска полиција и УЈП влегле да прават контроли во дуќанот на Спасовски.

Семејството на Спасовски е убедено дека инспекторите се дојдени по налог на вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски кој е од Крива Паланка и е одговорен во партијата за овој крај на Македонија.

Дел од сограѓаните на Спасовски кој важи за фаворит за победник на изборите се чудат на огромниот број на инспектори во нивната општина и на фактот што дуќанот на Спасовски се контролира од повеќе институции веднаш откако тој е избран за кандидат за градоначалник на Ранковце.

„Кандидат за градоначалник на општина Ранковце е Борче Спасовски. Тој се занимава со трговија и е мал стопанственик”, изјави вчера пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски при номинацијата на Спасовски.

Коронавирус