среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Десет најмирољубиви земји во светот- погледнете на кое место е Македонија

Десет најмирољубиви земји во светот- погледнете на кое место е Македонија

Исланд е земја со највисок индекс на мир во светот, покажува неодамна објавеното истражување на Институтот за економија и мир (Institute for Economics and Peace).

По Исланд следуваат Нов Зеланд, Португалија и Австрија, а петтото место го зазема Данска. Шестопласирана е Канада, и тоа пред Сингапур, а осмото место и припадна на Словенија.

Во топ десет влегуваат и Јапонија и Чешка, а заедно со Швајцарија, Ирска и Австралија наведените земји претставуваат посебна категорија на држави со многу висок степен на мир.

Од друга страна, нашата држава на оваа листа го зазема 65. место, Хрватска се наоѓа на 28. позиција, Србија на 50. место, а Црна Гора е 67-ма на ранглистата. Овие земји од регионот се вбројуваат на листата на држави со високо ниво на мир.

Босна и Херцеговина го зазема 81, а Косово 86. место, и овие две земји се наоѓаат во групата на држави со умерен степен на мир.

Последното место на листата го зазема Авганистан, и тоа зад Сирија, Јужен Судан, Јемен и Ирак.