вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Дервишова:  Матичните лекари не се телефонски секретари, ние треба да лекуваме луѓе 

Дервишова:  Матичните лекари не се телефонски секретари, ние треба да лекуваме луѓе 

Матичните лекари се изненадени и револтирани од вчерашната одлука на министерот за здравство, Венко Филипче тие да закажуваат термини за вакцинирање против Ковид-19, тоа за нив претставува дополнителна обврска што би довело до запоставување на другите пациенти кои тие треба да ги лекуваат.

Од Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ), остро реагираа веднаш по пресот на министерот каде што ја соопшти веста, дека матичните лекари преку системот „Мој термин“ ќе закажуваат термини на кои граѓаните ќе треба да ја примат вакцината против корона вирусот.

Претседателката на ЗПЛРМ, Лидија Чолакова-Дервишова, на министерот Филипче од вестите на Телма телевизија му порача, дека тие и нивните сестри не се телефонски секретарки кои место да прегледуваат пациенти, работното време треба да го трошот на телефонска слушалка или пред компјутер.

– Ние не сме центри на вакцинација. Имаме огромен број на обврски, прегледи, ѕвонења, печатење документи. Гневот на крај секогаш завршува кај нас. Ние треба да советуваме и да ја подигнуваме свеста. Имаме огромен број на други заболувања, не е само коронавиурсот, вели Чолакова-Дервишова.

Таа додава дека нивниот револт е уште поголем затоа што тие како здружение не биле консултирани од никого пред денеска веста да ја објави министерот.

– За се, ако сме партнери како трилатерала, треба да се договараме за нештата. Културно е некој да не праша дали можеме да прифатиме дополнителни обврски, смета Чолакова-Дервишова.

Таа додава дека матичните лекари повеќе не може да издржат дополнителни обврски, така што оваа активност за вакцинирање треба да ја правземат вакциналните пунктови, за кои вели дека во Македонија сеуште добро функционираат.

ЕУРО 2020

Македонија