петок, 4. декември 2020. Вести денес: 27
home Вести

Дерматолозите на симпозиумот организиран од Биљановска користеле еден микрофон кој меѓусебно си го подавале

Дерматолозите на симпозиумот организиран од Биљановска користеле еден микрофон кој меѓусебно си го подавале

Дерматолозите кои во саботата присуствувале на симпозиумот во скопскиот ресторан „Рагуса 360 Rooftop“, на кој организатор но и предавач била и заpaзената директорка на клиниката за кожни болести – Нина Цаца Биљановска, по обелоденувањето на веста, самостојно одлучиле да се стават во домашен кapaнтин и да ја прекинат работата со пациенти, пишува „Нетпрес“.

Според извори на порталот, колеги на дел од докторите, на симпозиумот бил користен еден ист микрофон, на кој сите кажале по неколку зборови и кој бил предаван од говорник на следниот говорник.

Како што претходно објавија медиумите, предавање одржала и позитивната на коронавирус Биљановска, која во име на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија – Скопје, заедно со компанијата „Солвис“, го организирала настанот.

Коронавирус