недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Дерковски: По 34 измени продолжува лошата пракса во изборниот законик

Дерковски: По 34 измени продолжува лошата пракса во изборниот законик

Продолжува лошата пракса на измени во изборниот законик. Но не секогаш таа организација зависи од ДИК. Ќе мора да се потрудат сите учесници во кампањата, односно политичките партии, да го направат истото за на 12 април да имаме еден изобрен ден кој би кажале дека е европски и сме постигнале една цел, а тоа се одлични избори кои би биле препорака кон ЕУ, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

-На некој начин продолжи лошата пракса да се носат измени на изборниот законик, ова е 34 измена на законикот. Тоа кажува дека е време да се доенсе нов изборен законик кој ќе ги регулира овие празнини во иднина за да може и на институциите да им овозможи да си ја работат работата. Вака остануваат недефинирани работи, па дури и се внесуваат нови забуни. Сметам дека политичарите во иднина не смеат да ја повторуваат оваа лоша пракса. Има време до наредните избори да си ја сработат работата, вели Дерковски.

Тој смета дека постојано се навраќаме на исто, и дека кога се носи едно законско решение треба да се цени целисходноста на одредбите што се носат.

– Значи колку е тоа возможно и остварливо а не самода се носи решение, да наметнувате одредени одредби кои што однапред знаете дека одредени субјекти што се задолжени нема да можат да ги остварат-нагласи Дерковски.

Тој додава дека европска пракса е да не се прават измени барем половина година пред избори.

-Треба да се навикнеме навреме да ги носиме измените за да може добро да се вршат процесите-заклучи Дерковски.

Коронавирус