среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 36
home Вести

Дерковски: Невозможно е продолжување на изборниот процес, партиите да се договорат за нов датум

Дерковски: Невозможно е продолжување на изборниот процес, партиите да се договорат за нов датум

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски смета дека не е возможно изборниот процес да продолжи од таму каде што е застанат.

Едноставно не може да продолжи кампањата. Не може ниту да се заклучи избирачкиот список кој што е услов за понатамошните дејствија и за одржување на изборите, значи тој е услов за да се одржат вистински избори. Значи мора да се направи она што го кажав а тоа е ажурирање на тој список да се направат сите други дејствија кои што следуваат после тоа и да се се определи датумот за почеток на кампањата, вели Дерковски во интервју за 360 Степени на Алсат М.

Дерковски вели дека ги чекаат потезите на другите институци поточно Уставнипт суд да се произнесе за постоечките правни акти поврзани со изборите а потоа и политичките лидери со консензус да го одредат датумот.

Ниту е ДИК надлежна да определи датуму, ниту пак ќе определи избори. Се знае кој е надлежен според Изборниот законик член 12 јасно пишува дека претседателот на Собрание носи поединечен акт со решение определува кој е датумот за оддржување на избороте. Ќе треба веројатно сите политички партии да седнат на една маса да ги договорат сите детали за како понатаму ќе се одвива овој процес, нагласи Дерковски.

Коронавирус