понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 159
home Вести

Дерковски: Не се можни избори во најкус рок, потребна е сериозна анализа што тоа ќе значи по здравјето на граѓаните, тие треба да се фер и кредибилни

Дерковски: Не се можни избори во најкус рок, потребна е сериозна анализа што тоа ќе значи по здравјето на граѓаните, тие треба да се фер и кредибилни

Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија во своето гостување на телевизија 24 зборуваше за изборите кои требаше да се одржат на 12 Април но се одложија поради коронавирусот при што Дерковски посочи дека Уредбата која ја донесе владата за прекин на изборите е недоречена затоа што нашата изборна регулатива и Уставот не познава таква категорија запирање на изборните дејствија.

„Имаше претходно утврден ден кој што утврдуваше кога да се одржат тие избори, тој утврден изборен ден помина и сега имаме нова ситуација кога треба со политички консензус на сите политички фактори да се изнајде решение за да се определи нов датум за изборите како би можело ДИК понатаму да го спроведе целиот процес. И притоа морам да напоменам дека треба да се внимава на ново настаната ситуација, треба да се отворат многу прашања кои што сега би се поставиле околу начинот и исполнувањата на сите законски процедури понатаму во организација на изборите затоа што во тој изборен ден над милион граѓани излегуваат и го дават своето право на глас. И во самата организација на изборите учетсвуваат 35 000 членови на општинските изборни комисии меѓутоа уште најмалку толку учетвуваа во наблудување на процесот.“

Дерковски додаде дека многу сериозно треба да се размисли пред да се одлучи на било каков чекор понатаму во организација на изборите.

-Има неколку факти кои не можат да се остранат во врска со изборите,а тоа е нема е заклучен избирачки список. Не е возможно во рок од 22 или 23 дена како што некој најавува и мисли дека е можно да се организираат избори. Има уште една пречка без разлика на уредбата е што нема датум на избори, подвлече Дерковски.

Коронавирус