четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 9
home Вести

„Денови на Св. Мајка Тереза“ по повод 110 години од нејзиното раѓање

„Денови на Св. Мајка Тереза“ по повод 110 години од нејзиното раѓање

Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ од денеска до 5 септември ќе организира традиционалната манифестација „Денови на Св. Мајка Тереза“, која годинава е во знакот на 110–годишнината од нејзиното раѓање.

Оваа манифестација се одржува по 21 пат, а ќе започне на роденденот на Св. Мајка Тереза, на 26 август.

– Манифестацијата ќе започне на 26 август кога во 10 часот претставници на Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ и на ИДКНА свечено ќе ја откријат обновената спомен-плоча на местото на родната куќа на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза во центарот на Скопје, информираат од Асоцијацијата.

Потоа, како што наведуваат, ќе биде одржана свечена академија и ќе бидат промовирани книги посветени на Св. Мајка Тереза.

Локални избори 2021