сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ: Протестен марш за правда за убиството на младиот Никола Христовски

ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ: Протестен марш за правда за убиството на младиот Никола Христовски

Денеска во 18 часот придружете ни се на маршот за правда за еден млад живот, објавуваат Млади за Македонија за протестниот марш што ќе се одржи денеска во Скопје по повод убиството на младиот кошаркар Никола Христовски и пресудата за убиецот од три години затвор.

-Придружи ни се затоа што секој млад живот е светост! Придружи ни се затоа што младите животи вредат! Придружи ни се за затоа што насилниците не смеат да поминат неказнето! Придружи ни се затоа што правда мора да има! НАПОМЕНА: Маршот е целосно непартиски и неполитички! Секој кој ќе се обиде да предизвика инцидент или ќе истакне партиска порака или знаме/амблем на политичка партија, ќе биде изолиран и физички отстранет од протестот, а доколку има потреба и предаден на полицијата, пишува во објавата на Фејсбук.

И минатата недела беше одржан масовен протестен марш во скопската населба Аеродром. Убиството на младиот кошаркар Христовски се случи пред една година во скопската населба Ново Лисиче.

Коронавирус