вторник, 21. август 2018. Вести денес: 30
home Вести

Денеска во раце не земајте ги овие две работи, инаку ќе ве стигне страшна казна

Денеска во раце не земајте ги овие две работи, инаку ќе ве стигне страшна казна

Денеска е Св. пророк Еремиј.

Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пророкуваше (поточно, пророкуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет). Почнал да пророкува во својата 15-та година. Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремиј преку своите пророштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување. Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа го прорекува и првото опустошување на Ерусалим. Скоро потоа Ерусалим бил освоен и разурнат од Вавилонците. По падот на Ерусалим пророкот насила го одвеле, заедно со многуброен народ, во Египет. Таму Еремиј на дотогашните маки ја додава и маченичката смрт. Убиен е со камења од своите сонародници.

Во народот се верува дека Еремиј е заштитник од змии отровници. Затоа на денешен ден обичај е да се растеруваат сите влекачи како не би досадувале преку лето.

Поради тоа некој од куќата треба да земе тиган и да тропа на него. Додека се слуша тропање и песна, дотогаш змиите не смеат да се доближат.

На денешен ден не се отвараат жилети и не се работи ништо со игла и конец. Кој на овој ден би користел жилет, се верува дека по него цела година ќе трчаат змии. Во некои краеви се верува дека не треба да се чешлате за да не ги предизвикувате опасните влекачи.

Исто така треба да внимавате  зад никого не се влече одврзана врвка или некој конец за на ист начин да не се влечат змиите.