понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 81
home Вести

Денеска во МКЦ работилница за можностите на социјалното претприемништво

Денеска во МКЦ работилница за можностите на социјалното претприемништво

Во тек е реализација на проектот „Концептот на социјалното претприемништво поблиску до граѓанскиот сектор“.

На 2 октомври 2018 година, од 17 часот, во МКЦ на први кат во НВО центарот, ќе се одржи работилница за можностите на социјалното претприемништво пред членови и активисти на здруженија и фондации

Проектот „Концептот на социјалното претприемништво поблиску до граѓанскиот сектор“ е само мал дел од она што треба да биде долгорочна стратегија за оддржлив развој на бизнисите и невладините организации. Тој се фокусира на доближување и разбирање на концептот на социјалното младинско претприемништво пред граѓанскиот сектор и јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор за поттикнување на младите за прифаќање на овој концепт во градење на нивната кариера.

Врз основа на искуството на другите земји од регионот и пошироко во Европа, развојот на социјалното претприемништво (СП) во Македонија ќе придонесе да се зајакне солидарноста во општеството и интеграцијата на различни маргинализрани групи, да се зајакне општеството со иновативни решенија на социјалните и економските проблеми, како и ќе се обезбеди дополнителен придонес кон социјалната сигурност на граѓаните како категарија дефинирана во Уставот на РМ.

Според одредбите на Универзалната декларација за човекови права на ООН од 1948 година предвидено е: “Секој, како член на општеството има право на социјална сигурност… “. Оваа Декларација која е ратификувана кај нас е дел од правниот поредок на Република Македонија и ја наметнува потребата за нагласено изразување на формите и елементите на социјалната сигурност кои се присутни и кои се доведуваат во врска со социјалниот развој. Во овие рамки спаѓа и Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права на ООН кој е ратификуван, како и Ревидираната европска социјална повелба на Советот на Европа. Исто така и во Милениумските развојни цели на ОН прашањето на социјалната сигурност и намалување на сиромаштијата се дел од обврските за постигнување на достојно вработување, особено на сиромашните, младите и на лицата во состојба на ризик.

Високата невработеност и лошата состојба на одредени социјални групи бараат соодветно да се реши проблемот, односно да се создадат можности за вработување и да им се овозможи социјална инклузија на одредени категории на лица. На тој начин ќе се придонесе и за напредокот на општеството како целина.

Со цел да се решат овие проблеми, една од мерките кои можат да влијаат за спречување и отстранување на овие негативни тенденции е развојот на социјалното претприемништво, или третиот сектор кој се наоѓа помеѓу јавниот и приватниот сектор, кој веќе постои во најголемиот број на европски земји.

Социјалното претприемништво има и поширока општествена корисност која се согледува преку влијанието кое го има во поглед на нови вработувања, поттикнување кон социјални иновации, проактивност и мотивација кај луѓето за самостојно работење и самовработување. Социјалните претприемачи и социјалните претпријатија создаваат нови можности, нови облици на работа и дејствување, нови форми на организација на работа, производство, пласман и остварување приход односно профит кој повторно се наменува за социјални цели. Сето тоа го прави социјалното претприемништво значаен фактор што создава пошироки промени и ги менува современите економии кои се’ почесто се нарекуваат социјални и претприемнички економии.

Проектот го реализира „Женска Акција” чија мисијае унапредување на статусот на жените и младите во современите општествени процеси во Р.Македонија. Афирмирање и активирање на жените и младите кон промоција на нивниот интерес во рамките на основните цивилизациски придобивки, промовирање на креативноста и иницијативноста во општеството воопшто. Унапредување и заштитување на Македонските традиции, како и сите аспекти на Македонското општество. Развивање на солидарност за заштита на човековите права и човековата слобода, отфрлање на насилството, комуникација, соработка и солидарност, како и развивање на ненасилните методи како основен предуслов за заштита на слободата, остварување на правдата и постигнување на демократска, економска, социјална благосостојба за поединецот и заедницата подеднакво.

Коронавирус