четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 53
home Вести

ДЕНЕСКА ТЕМПЕРАТУРАТА ЌЕ РУШИ СЕКАКВИ РЕКОРДИ – еве до кога ќе имаме топло време

ДЕНЕСКА ТЕМПЕРАТУРАТА ЌЕ РУШИ СЕКАКВИ РЕКОРДИ – еве до кога ќе имаме топло време

Денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со максимална температура до 37 Целзиусови степени и мала до умерена облачност, предвидуваат од УХМР.

Температурата во Скопје ќе достигне до 34 Целзиусови степени, додека минималната ќе изнесува 14 степени.

Во западните делови ќе дува засилен западен ветер (со брзина и над 70 км/час), што ќе продолжи и во следните денови. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд.

Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне.

Локални избори 2021