сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Денеска средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Денеска средба на работните групи за законот за јавно обвинителство

Се очекува денеска да има средба на работните групи за усогласување на ставовите за законот за јавнообвинителската сфера, а според сознанијата кои ги имам до крајот на неделата треба да се сретне и работната група за пописот на население – изјави за Република портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, одговарајќи на прашањето кога се очекува нова средба за спорниот закон за Јавно обвинителство.

Тој смета дека новата средба на работната група го потврдува она што го тврдеше ВМРО-ДПМНЕ дека не е возможно да се оддржи лидерска средба без претходно усогласени ставови за овие две прашања.

– Не може да има лидерска средба без да има допирни точки за овие едве теми, односно средба со дијаметрално различни ставови за законот за јавно обвинителство и за пописот. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека лидерска средба и натаму нема да биде возможна доколку на дневен ред не се најде и прашањето за предвремени избори – вели Стоилковски.

 

Коронавирус