среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 25
home Вести

Денеска сончево и топло, од утре пресврт во времето- ни доаѓа невообичаена температура

Денеска сончево и топло, од утре пресврт во времето- ни доаѓа невообичаена температура

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови, претежно на истокот, ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 7, а дневната од  14 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Од почетокот на следната недела ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи претежно во попладневните часови и повеќе во вториот дел од неделата.

Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

Утринските ќе бидат од неколку степени над нулата и повисоки.

ЕУРО 2020

Македонија