недела, 9. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Денеска сончево и топло, но со ветер- еве какво време не очекува утре, особено попладнето!

Денеска сончево и топло, но со ветер- еве какво време не очекува утре, особено попладнето!

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, преку денот најизразен ќе биде во источните делови на земјава и вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 23 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе спушти до 16, а дневната ќе достигне 27 степени

Во вторник времето ќе биде сончево со пониски утрински температури, а потоа ќе се задржи сончево и потопло време, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Коронавирус