сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Денеска се празнуваат светите маченици од Никомидија, 20.000 христијани беа запалени во црква

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 декември.
Денеска се празнуваат светите маченици од Никомидија, 20.000 христијани беа запалени во црква

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 декември.

Денеска е Св. 20.000 маченици во Никомидија.

Страдањето на 20.000 никомидиски маченици се случило во 302 година, во времето на цар Максимијан. Максимијан, враќајќи се од поход, наредил луѓето да се собираат во Никомидија за да им принесат жртви на идолите. Штом чул за тоа Антим, епископот на Никомидија, ги собрал христијаните во црква, каде што служеле сеноќно бдение. Максимијан дознал за тоа и наредил црквата да се запали заедно со луѓето што биле внатре. На тој начин пострадаа овие 20.000 никомидиски христијани од раката на безбожниот Максимијан.