сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Вести

Денеска се празнуваат овие големи светци

Денеска се празнуваат овие големи светци

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 јануари.

Денеска е Св. Силвестер и св. Серафим Саровски.

Свети Силвестер се роди во Рим. Таму беше избран и за епископ (папа) на негови 30 години, во 314 година. Тоа е времето кога светиот цар Константин го симна христијанството од листата на забранетите религии, со што престана и прогонот на христијаните. Папа Силвестер добро управуваше со римската црква до 335 година, кога се упокои во Бога. Неговите мошти почиваат во гробничната црква изградена над катакомбата Свети Прискила во Рим. Денес се слави и споменот на свети Серафим Саровски. Се родил во Курск, Русија, во 1759 година. Се прослави како голем подвижник и молитвеник. Во последните години Господ го надари со чудотворство за полза на сите измачени што доаѓаа кај него. Се упокои во 1833 година на денешниов ден.
Треба да се помолите на овој светец да ги избави сите ваши ближни кои страдаат и да им даде мир и спокој!

Коронавирус