сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Денеска се празнува девојката со машка храброст- преподобна Марија

Денеска се празнува девојката со машка храброст- преподобна Марија

Денеска се празнува Преподобна Марија, девојката со машка храброст.

По смртта на нејзината мајка, татко ѝ посака да се замонаши. Но, Марија не сакаше да се раздели од својот татко, па по договор обајцата се упатија во еден машки манастир, и тоа Марија со потстрижена коса и во машка облека, како момче. Умре татко ѝ, а Марија се замонаши како машко и го доби името Марин.

Во близина на манастирот имаше гостилница и ќерката на гостилничарот се загледа во божемниот монах Марин и откако неуспешно го искуша, го обвини овој монах за недопустлив однос со неа, а таа со некого зачна и роди син.

Марија не се бранеше, па беше понижена и избркана од манастирот. Со туѓо дете на рацете проживеа пред портите на својот манастир три години трпејќи глад и студ и секаква мака и немаштија. По ова ќерката на гостилничарот полуде, а наскоро потоа Марија умре. Дури по смртта се дозна дека „монахот“ Марин бил женско. А кога лудата ќерка на гостилничарот се допре до моштите на света Марија, оздраве и потоа го призна својот страшен грев. Света Марија се упокои и се пресели во бесмртната радост во 508 година.

Коронавирус