сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 72
home Вести

Денеска пристигнуваат околу 40.000 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека, а утре донација од 100.000 вакцини на Синофарм

Денеска пристигнуваат околу 40.000 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека, а утре донација од 100.000 вакцини на Синофарм

На денешната прес конференција, во изјава за медиуми, министерот за здравство Венко Филипче ја информираше јавноста дека денеска се очекува да пристигнат околу 40.000 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека.

– Денеска се очекува да стигнат близу 40.000 вакцини преку Ковакс системот од Астра Зенека, а во текот на утрешниот ден 100.000 вакцини на Синофарм преку донацијата од Кинеската армија и веднаш ќе бидат распределни по веќе определените канали за имунизација. Продолжуваме да ставиме акцент на постарите граѓани дополнително пријавени после пресекот на 30 Април кога беа пријавени околу 140.000 граѓани вкупно, а сега се околу 160.000. Околу 9.000 од пријавените се над 70 години.

ЕУРО 2020

Македонија