понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 21
home Вести

ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ДОЖД И ГРМЕЖИ: УХМР издаде и предупредување за цела недела, еве како време не очекува

ДЕНЕСКА ПОВТОРНО ДОЖД И ГРМЕЖИ: УХМР издаде и предупредување за цела недела, еве како време не очекува

Од УХМР известуваат дека до крајот на денот ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално во јужните делови се можни поинтензивни процеси со пообилен дожд и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во четврток ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во петок ќе биде променливо облачно и нестабилно, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Времето во сабота ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР издаде и актуелно предупредување за денеска:

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

ЕУРО 2020

Македонија