вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 103
home Вести

Денеска пороен дожд, утре снег и на пониските места

Денеска пороен дожд, утре снег и на пониските места

Денес ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег, кои на места ќе бидат пообилни и поројни. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови.

Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а дневните од 4 до 16.

Слично време во Скопје со максимална дневна температура од 13 степени.

За утре метеоролозите најавуваат наутро облачно и студено со врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места. Уште во текот на претпладнето врнежите постепено ќе престануваат, а попладне ќе настапи разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60км/ч), што ќе предизвика значително намалување на температурата.

Поради разведрувањето, во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Коронавирус