петок, 30. јули 2021. Вести денес: 96
home Вести

Денеска отворање на Почесниот конзулат на Унгарија во Штип

Денеска отворање на Почесниот конзулат на Унгарија во Штип

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто денеска ќе го отворат Почесниот конзулат на Унгарија во Штип, со јурисдикциско подрачје за целиот Источен регион во земјава.

Министрите ќе бидат пречекани од страна на новиот почесен конзул во Штип, Данела Арсовска.

По завршување на церемонијата на отворање на Почесниот конзулат, министрите ќе присуствуваат и на Македонско-унгарскиот бизнис форум на кој на иста маса ќе седнат компании од двете земји, со цел продлабочување на меѓусебната економска соработка.

Коронавирус