понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Денеска е важно да испочитувате неколку обичаи- ја славиме маченичката Пелагија

Денеска е важно да испочитувате неколку обичаи- ја славиме маченичката Пелагија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 мај. Денеска е Св. маченичка Пелагија.

Свети Пелагија потекнуваше од градот Тарс, од видни и богати незнабожечки родители. Како млада слушна за Христос, па поверува во него. Во тоа време Диоклецијан вршеше безмилосен прогон на христијаните. Кога поминуваше низ Тарс, се случи син му да се вљуби во младата Пелагија и сакаше да ја земе за жена. Не сакајќи да се согласи на тоа, Пелагија беше принудена да побегне. Во бегство се сретна со еден епископ по име Клинон, кој ја поучи во верата и ја крсти. После тоа Пелагија се врати дома. А кога царскиот син дозна за нејзиното крштевање и откако ја загуби секоја надеж да ја земе за жена, се про*оде со меч. Тогаш, мајка и на Пелагија самата ја предаде на суд пред царот. Света Пелагија беше осудена како христијанка и фрлена во внатрешноста на вжештен метален вол. Го напушти овој свет во 287 година. Во осмиот век на тоа место беше подигната црква во спомен на оваа светителка.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија