петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Денеска е Свети Јоаким и Ана

Денеска е Свети Јоаким и Ана

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица.

Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник.

Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено.

Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, после 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаја длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години.

Коронавирус