Живот и Стил

Денеска е Св. Сава Осветен и св. Нектариј Битолски

Денеска е Св. Сава Осветен и св. Нектариј Битолски

Свети Сава се роди во петтиот век, во областа Кападокија. Веќе на 18-годишна возраст се насели во еден манастир и наскоро беше потстрижен за монах.

После повеќе години поминати во манастирот на блажениот Теоктист, сакајќи ништо да не го одвојува од молитвата и богомислието, тој се насели во една пештера во Палестина. Последните години ги помина како духовник во манастирот во Палестина што денес го носи неговото име. Се упокои во 533 година

. Денес се слави и свети Нектариј Битолски. Потекнуваше од благочестиво битолско семејство. Кога го израснаа, мајка му и татко му стапија во манастир. Свети Нектариј се замонаши на Света Гора и ги освети својата душа и телото, непрестано стекнувајќи секакви добродетели.

Се упокои во 1500 година. Неговите мошти беа откриени нераспаднати и положени во ковчег, во црквата на Јагарската келија, на Света Гора.

Поврзани теми

To top