четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 125
home Вести

Денеска е Св. пророк Осиј

Денеска е Св. пророк Осиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 октомври.

Денеска е Св. пророк Осиј.

Живеел и пророкувал на околу 800 години пред Христовото раѓање. Еден е од еврејските пророци. Во Стариот завет е останата една книга од него, во 14 глави. Како другите пророци, и Осиј го прекоруваше Израилот поради неговиот морален пад, повикувајќи го на покајание, т.е. промена на умот според образецот на чистиот и доблесниот живот, живот без завист, лага, љубов кон парите и нечистите задоволства, зашто сите овие работи им го поматуваа умот на луѓето. Го претскажуваше доаѓањето на Господа, како и богатството на даровите што Христос со себе ќе го донесе на земјата.

Доживеа длабока старост и мирно се упокои.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Марцел.

Бил офицер на Римската војска за време на царот Диоклецијан. На 21 јули 298 година сите војници морале да искажат почест пред статуите на царевите Диоклецијан, Максимијан, Костанца и Галерие, кои се сметале за синови на боговите Јупитер и Херкул. Свети Марцел го соблекол официрското дело и се одрекол од офицерската служба велејќи: “Јас сум христијанин и не им се поклонувам на царевите, како на богови, туку за Господ го признавам Исус Христос, синот на Господ, Семоќниот”. Тој бил измачуван и убиен. На Марцел, му се молат официрите и другите верници за помош, за зачувување на христијанската вера, како и истрајност во неа.

Коронавирус