среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник

Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 октомври. Денеска е Св. маченици Пров, Тарах и Андроник.

Пров беше од Сида Памфилиска, Тарах од Сирија, а Андроник од Ефес. Сите тројца беа мачени и погубени од страна на антипатот Нумериј Максим, за време на царот Диоклецијан. Кога Тарах три пати го запрашаа кое е неговото име, тој три пати одговори, христијанин. После измачувањата тројцата беа фрлени во арена, но наместо да ги раст*гнат, мечката и лавицата се умилкуваа околу нив. Тогаш антипатот, како понеразумен од животните, им нареди на војниците да слезат и да им ги одземат животите на тројцата светители. Други тројца христијани, кои присуствуваа на таквиот чин, ги зедоа ноќта нивните мошти и ги закопаа.

Коронавирус