среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 74
home Вести

Денеска е Спасовден- ова овошје мора да го пробате до крајот на денот, а еве што не смее да прават мажите и жените

Денеска е Спасовден- ова овошје мора да го пробате до крајот на денот, а еве што не смее да прават мажите и жените

Македонската православна црква и нејзините верници денеска го одбележуваат Спасовден.

Спасовден е еден од десетте празници посветени на Господ Исус Христос кој се одбележува 40 дена по Велигден, а десет дена пред Света Тројца (Духовден) и секогаш е во четврток.

Оние кои го слават Спасовден колат јагне, а според народните верувања се верува дека мажите на овој ден не смеат да се бричат, а жените да се бањаат.

Исто така се верува дека на Спасовден не се спие преку ден за да не ја преспиете целата година.

На овој голем и тежок ден се верува дека не треба да се јаде ништо додека наутро не се вкусат јагоди. Се верува дека не треба на овој ден да се вкусува ново овошје.

Обичај е и пред Спасовден да се избањате во река или море.