четврток, 23. март 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денеска е Преподобна маченичка Теодосија

Денеска е Преподобна маченичка Теодосија

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 мај.

Денеска е Преподобна маченичка Теодосија.

Свети Теодосија била родум од Цариград, од богато семејство. Татко и умрел уште додека Теодосија била на седумгодишна возраст. Мајка и уште од малечка ја дала да се воспитува во манастир.

Теодосија пораснала, го засакала подвижничкиот живот и не сакала да го напушти манастирот. Нејзиното страдање паѓа во времето на иконоборечкиот император Лав Исавриецот (717-741).

Света Теодосија била затворена и мачена поради нејзината ревност во одбраната на правоверното учење за почитувањето на иконите, а најпосле и погубена во 730 година.

loading...