вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Денешен“: Заев наредил судот секој ден да го повикува Груевски на рочиште за дефокус додека се менува името?

„Денешен“: Заев наредил судот секој ден да го повикува Груевски на рочиште за дефокус додека се менува името?
ФОТО: МИА

Владата и СДСМ бараат начин како полесно во јавноста да помине промената на името и идентитетот. Стратезите за комуникации му советувале на Заев дека најдобро е да се дефокусира јавноста со други теми кои јавноста ќе ги апсорбира и дискутира секој ден, пишува порталот Денешен.мк.

Според порталот, за најпогодна тема им се виделе судењата против Никола Груевски и другите од ВМРО-ДПМНЕ. Од овие причини одлучиле да се притисне судот секој ден да закажува рочишта.

-Провладините медиуми добиле инструкции да имаат новинари на секое рочиште и на половина час да вадат по еден текст од судницата, со цел да се одвлече вниманието на јавноста од продажбата на името и националните интереси и истата да се занимава со тоа што кажал Груевски, што одговорил Миле Јанакиески, што одлучил судијата, и што довикнала Фатиме Фетаи. При тоа инструкциите се во правец, колку и да се во право обвинетите, извештаите и насловите да се такви што ќе ги понижуваат и исмејуваат, пишува порталот.

Во исто време Заев и Димитров треба да ја завршат валканата работа со променат на името и идентитетот. Следната недела на Груевски секој ден му е закажано рочиште во судот по три различни предмети. Оваа судска политичка кампања, треба да биде дел од дефокусирањето на јавноста.

-Се шпекулира дека аберот од Владата бил дека оној судија кој прв ќе донесе осудителна пресуда, СДСМ нема да го заборави и ќе го награди. Судиите ,,ќе се испотепаат,, кој прв да закаже термин за судење во салата за судења. Погазуваат и закон и правила и сите елементи кои се дел од едно фер судење. Бркаат лична награда и умилкување кај власта за да бидат кариерни наградени. Иако Заев не важи за човек кој држи до зборот, тие сепак се надеваат. Истовремено Зоран Заев не пропушта прилика а во јавноста да не каже дека тој не се меша во судот, дека сака фер и законско судење, и дека нема ингеренции во судството. Тоа е за јавност. Во позадина, судот и со притисок и со ветена награда е упатен да суди со маратонска брзина, а судиите да не се плашат ако го кршат законот. Судењата станаа фарса. Дел од судиите и не можат да ја сокријат својата наклоност, и нервозата кога ќе се најдат во ќош притиснати со аргументи од адвокатите на обвинителите, кои високо професионално ја вршат својата работа, пишува порталот.

Локални избори 2021