вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Вести

„Денешен“: Власта се изживува врз Васе Доневски преку класична тортура

Односот кој го имале кон него наликува на нечовечко мачење какво што имало во нацистичките логори. Греење и понатаму има само 2 часа на ден. Васе  има проблеми со здравјето, а ваквите ужасни услови само му ја влошуваат состојбата.
„Денешен“: Власта се изживува врз Васе Доневски преку класична тортура

Васе Доневски е жртва на класично изживување и тортура од страна на власта. Првата вечер го сместиле во некоја подобра ќелија.  По еден час дошол управникот и наредил да го извадат од таа ќелија и да го стават во најлошата, пренесе ДЕНЕШЕН.

Во новата ќелија станал жртва на тортура, не му донеле душек, постелнина и покривка и го оставиле до утрото да лежи на железен кревет без душек, во ладна просторија без да има на што да легне и со што да се покрие.

-Односот кој го имале кон него наликува на нечовечко мачење какво што имало во нацистичките логори. Греење и понатаму има само 2 часа на ден. Васе  има проблеми со здравјето, а ваквите ужасни услови само му ја влошуваат состојбата. Тој е дијабетичар и има многу висок притисок, а не му дозволиле внес на апарати за мерење на шеќер и притисок. Неговата сопруга имаше тешка операција за тешка дијагноза за која лекарите предупредуваат дека секој стрес е опасност за повторување на болеста, а неговата ќерка треба да се породи во секој момент. Сето ова не беше доволно судијката Димишкова, а подоцна и Кривичниот совет ако не сака да го ослободи од притвор барам да му даде куќен притвор. Васе Доневски е политички затвореник. Тој е уапсен ден по незаконското и дивјачко гласање во Парламентот на Законот за употреба на јазиците, пишува порталот.

Една недела порано на Доневски му пристапил добро информиран човек кој му најавил дека следната недела ќе биде уапсен на овој предмет,  дека на сите им е јасно дека не е виновен, но дека им треба “курбан“. Очигледно бил потребен за да се дефокусира јавноста од дивјачкото носење на законот за јазиците.

Доневски и покрај оваа информација ниту избегал ниту помислил да бега. Единствено ги информира пријателите и некои од повисоките структури на ВМРО-ДПМНЕ. Една недела подоцна уапсен е на работното место во УЈП, кога околу 50 специјалци ја опколиле зградата на УЈП за да го уапсат Васе Доневски под очигледен притисок така да демонстрираат сила во очите на оние кои гледаат, пренесе ДЕНЕШЕН.

Претходно,  поранешниот директор на СОЗР, Васе Доневски по враќањето на старото работно место во УЈП, бил деградиран и прераспределен да работи на шалтер, што и го прифатил,  и од каде бил уапсен и однесен дома за да му се извршат претреси и потоа да се однесе на суд.