петок, 30. септември 2022. Вести денес: 64
home Вести

„Денешен“: Шуштачот од Основен Суд Горан Бошевски еден од 600-те на СДСМ

„Денешен“: Шуштачот од Основен Суд Горан Бошевски еден од 600-те на СДСМ

Горан Бошевски е судија во Основниот суд во Скопје задолжен за случајот Тракеторија, каде поранешниот премиер Никола Груевски се сомничи за добивање на награда, но не парична, туку во рејтинг, затоа што ги градел автопатите Штип Скопје и Кичево Охрид.

Оние кои го познаваат лично Горан Бошевски велат не може да го препознаат во судницата, кој делува сосема спротивно споредено со сите останати предмети на кои работел. Неубедлив, колеблив, исплашен, што би се рекло човек на краток ланец. Впечатокот од вчерашното судење кое го водеше Бошевски за овој предмет е дека судијата делува како продолжена рака на политичките ментори од власта кои го спроведуваат овој политички процес, пренесува порталот Денешен.

Судењето започна со 5 минутно задоцнување. Бошевски тивко влезе во судицата, и речиси со шуштење промрморе неколку реченица кои никој не ги разбра. Вцрвенет, со наведната глава, криејќи се зад мониторот прочита некакви решенија и бројки кој не можеа да ги чујат и неговите колеги судии, па едната од нив побара дури и да се исклучи вентилацијата, бидејќи тивките зборови на Бошевски никој не ги разбра. Откако набрзина го прочита пасулчето пред него Бошевски се исправи од зад стариот компјутерски монитор и продолжи гласно да говори започнувајќи го судењето. Целата сцена делуваше надреално, дел од новинарите се пошегуваа дека Бошевски делува како стар ерген, кој срамежливо и се додворува на познаничка.

Но, реалноста е дека со шуштењето Бошевски сакаше да го покрие срамот, личен и оној на судот. Подоцна откако реагираше одбраната се дозна дека Бошевски прочитал скандалозни решенија, па веројатно тактиката на шуштење му се видел најдобриот метод кога треба да се покрие срамот, додава порталот.

Бошевски прифатил вештачење направено од компанијата ЕУО без лиценца, каде управител е фунцкионер на СДСМ, Бузлевски и каде еден од вештаците е со несоодветно средно образние. Ова укажува на килавоста на аргуметите на СЈО кој судијата Бошевски ги прифаќа.

Судијата Бошевски во однос на снимките кои се објавени да не се сметаат за докази покажа двојни аршини. Наместо како во случајот на Зоран Заев судот да донесе формално решение со право на жалба, во случајот со Груевски донесе решение на записник без право на жалба.

Бошевски не покажа ниту разбирање да се добие препис копија од стекнатите креирани снимки.

Бошевски самото судење го започна со кршење на законот, односно без комплетиран записник од минатото рочите.

За судот не се ни спорни СМС пораките кои ги нуди СЈО, кои не се обезбедени со ПИ мерки, и што за нивната автентичност и целовитост не гарантира ниту еден државен орган, ниту пак СЈО ги има добиено истите од државни институции. Ниту телеком операторите не чуваат копии од овие пораки бидејќи тоа би било незаконски, влегуваат во приватноста, а пораките се добиени од СДСМ.

Горан Бошевски не дозволуваше до крај да се изјаснат луѓето од одбраната, но затоа за секој искажан нивен аргумент, по сопствена иницијатива се обраќаше до тужителите на СЈО и Лиле Стефанова да земат збор прашувајќи што имаат да кажат на ова или со други зборови тажна слика за македонското судство, пишува Денешен.

Кој е Горан Бошевски?

Тој е еден од 600-те судии кој беа избрани во 1996-та година за време на СДСМ во Собранието каде се гласаше без присуство на опозицијата при што со еден чекор се вработи армијата судии создавајќи ја судската политичка гилотина на СДСМ која функционира до ден денешен.

Бошевски се стекнал и со позамашна сума на обврзници во вредност од 65.893 евра, а поседува и штедни книшки денерска, и девизна.

Овој современ шуштач, станува синоним на политизароното судство кое е на краток ланец и кој се согласил да предводи политички, наместо судски процес. Во такви услови правдата не може да се најде.

Коронавирус