петок, 14. декември 2018. Вести денес: 28
home Вести

Денес температурата до 25 степени, од утре пресврт во времето

Денес температурата до 25 степени, од утре пресврт во времето

Времето ќе биде претежно облачно и релативно топло со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен локален дожд.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 20 до 25 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.

Од понеделник ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, а од вторник и со локална појава на грмежи.