вторник, 23. април 2019. Вести денес: 67
home Вести

Денес студено време, од утре снег

Денес студено време, од утре снег

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на југозапад.

Максималните дневни температури ќе се движат од 0 Целзиусови степени во Маврово, 2 во Берово, Крива Паланка 3, Охрид 4, до 5 во Скопје и Прилеп, 6 во Кавадарци и 9 степени во Дојран.

Прогнозата за утре е променливо облачно со локални слаби врнежи од снег претежно на северозапад. Ќе дува засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Маврово и Берово -1, 1 во Прилеп, 2 во Крива Паланка, Скопје и Охрид 3, Кавадарци 4 и 6 степени во Дојран.