четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Денес сончево со мала до умерена облачност- за тоа што ни доаѓа од среда подгответе се навреме

Денес сончево со мала до умерена облачност- за тоа што ни доаѓа од среда подгответе се навреме

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринсакта температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 18 степени.

Ќе продолжи периодот на стабилно време со појава на утринска магла понекаде во котлините.

Утре од попладне ќе преовладува сончево време. До средината на неделата температура некаде ќе надмине 20 степени, а од среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури.

Најнови вести

Коронавирус