понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 139
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Денес сончево со локална облачност, од вторник нестабилно време

Денес сончево со локална облачност, од вторник нестабилно време

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.

Коронавирус