сабота, 30. септември 2023. Вести денес: 53
home Вести

Денес сончево и топло, од среда дожд

Денес сончево и топло, од среда дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до 7, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со утринска температура 3 и дневна до 26 степени.

До вторник ќе се задржи сончево и топло време.

Во среда облачноста ќе се зголеми, дневната температура ќе опадне за неколку степени, а во текот на ноќта кон четврток ќе има локален дожд.

Значителна промена на временската состојба се очекува од четврток, кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со врнежи од дожд, а дневната температура дополнително ќе опадне за уште 5-7 степени.

Најнови вести