недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Денес протест во Скопје, заеднички да порачаме: Оставка на Заев, слобода на народот!

Денес протест во Скопје, заеднички да порачаме: Оставка на Заев, слобода на народот!

Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна. Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик, се наведува во најавата за денешниот протест.

-ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија.

Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ „Борис Трајковски“ во Општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус