вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Денес протест на револтирани жители на населбата Даме Груев во Ѓорче Петров: Името на населбата е избришано од сите нивни документи

Денес протест на револтирани жители на населбата Даме Груев во Ѓорче Петров: Името на населбата е избришано од сите нивни документи

Денес, недела (16.05.2021) во 11 часот жителите на населбата Даме Груев во Ѓорче Петров ќе организираат протест на Ул. Лука Геров кај раскрсницата до основното училиште Страшо Пинџур.

Причината за организирање на протестот е бришењето на името на населбата од сите институции и документи (лични карти, пасоши).

Станува збор за сложен проблем кој им создава доста проблеми и не ја прикажува вистинската слика за местото на кое живееат овие луѓе.

Со овој протест ќе побараат општината Ѓорче Петров да одговори на нивните писмени барања и во координација со другите институции да најдат решение на овој проблем.

ЕУРО 2020

Македонија