сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Денес облачно време со ветер, од петок нестабилно време со дожд и грмежи

Во Скопје ќе биде облачно со умерен западен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 16 степени. 
Денес облачно време со ветер, од петок нестабилно време со дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со умерен западен ветер, само во крајните западни и источни планински подрачја со услови за локален дожд. Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната од шест до 19 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со умерен западен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 16 степени.

Утре ќе се задржи суво време. Нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови.

Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во недела врнежите ќе бидат со послаб интензитет и ќе биде посвежо.

Коронавирус