четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 125
home Вести

Денес не’ очекува студено време со засилен ветер, на места со брзина над 70 км/ч

Денес не’ очекува студено време со засилен ветер, на места со брзина над 70 км/ч
илустрација

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во северните и источните делови се уште ќе има провејување на слаб снег.

Преку денот облачноста ќе се намали и ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија, каде на места ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до четири степени.

Од утре па се до крајот на неделата ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои ќе бидат во интервал од минус девет до минус два степена, а дневните ќе бидат во постепено покачување.

Најнови вести

Коронавирус