недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 65
home Вести

Денес нагло заладување со засилен северен ветер, во некои делови дожд и снег

Денес нагло заладување со засилен северен ветер, во некои делови дожд и снег

Од УХМР информираат дека засега времето е умерено до значително облачно во поголемиот дел од земјава.

Во Скопската котлина има слаба магла и ниска облачност, во Демир Капија и на некои повисоки места има ниска облачност и намалена видливост од 50 до 500 метри. Дува слаб ветер од југоисточен и јужен правец.

Околу пладне и попладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови.

Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно и во пониските места во крајните северни и источни делови од земјава. Ќе дува умерен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го смени правецот во засилен северен. Највисоката дневна температура ќе се движи во интервалот од три до девет степени.

Во Скопје слично време со  температура до пет степени.

Времето утре ќе биде променливо облачно, наутро се уште ќе има провејување слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.

До крајот, пак, на работната недела се очекува стабилно, суво и постудено време со слаб до умерен северен ветер.

Најнови вести

Коронавирус