петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 142
home Вести

Денес многу топло време, од среда пад на температурите

Денес многу топло време, од среда пад на температурите

Времето денеска ќе биде многу топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 31 до 39 степени и УВ-индекс 9.

Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и многу топло, со слаб ветер од северозапеден правец. Температурата од 18 до 37 степени.

Во првите два дена од претстојната седмица сè уште ќе биде топло, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Како што соопшти УХМР,  в среда ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе за опаѓање на температурата за 7 до 9 степени. (МИА)

Коронавирус