сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Денес ќе се дознае што е тоа кое Заев го криеше за името

Денес ќе се дознае што е тоа кое Заев го криеше за името

Премиерот Зоран Заев функционира зад затворени врати. Тој не чувствува потреба со јавноста да ги сподели своите чекори за чувствителното прашање.

По долгиот молк, денес ќе излезе на виделина што е тоа кое Заев го криеше.

Според неофицијални информации, во игра е промена на македонскиот  Устав. Заев знае дека народот никако не би го одобрил тоа, па молчеше до последниот момент.

Целиот тек на преговорите и чекорите кои Заев ги прави како да има ексклузивно право да одлучува во име на цел народ,  навестуваат дека следува решение кое е неповолно за македонската страна од преговорите.

Заев денес има средба со својот грчки колега, Алкексис Ципрас, на Самитот на ЕУ за Западен Балкан, што се одржува во Софија, Република Бугарија.

Што СЕ е ставено на маса, Заев крие од очите на јавноста. Но, по денешната средба треба да се затворат прашањата од кои македонскиот премиер бега.

Коронавирус