недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 56
home Вести

Денес и утре сончево, од четврток повторно разочарување- еве какво време не очекува за празничниот викенд

Денес и утре сончево, од четврток повторно разочарување- еве какво време не очекува за празничниот викенд

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната температура од 13 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.

Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 24 степени.

Во среда ќе биде стабилно и суво. Во четврток попладне и во петок повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

 

Коронавирус